Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти.
Средствата со Предлог-одлуката се обезбедуваат се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Libertas
Имено, дел од планираните средства за реализација на проектите за локален развој, кои се имплементираат од страна на општините, беа распределени со иницијалниот Буџет за 2025 година во соодветните министерства.
Дополнувањето е согласно доставените и прифатени проекти на вториот повик за поддршка на општински проекти. Tocka