Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и се обрати на Регионалниот форум со тема: „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Северна Македонија, Албанија и Косово“, кој се одржа во градот под Шара, Тетово. Makfax
Како дел од конкретните активности, Министерството за животна средина и просторно планирање ја зголеми заштитената површина од 11,5% на 13,9%, со прогласувањето на Националниот парк Шар Планина и подготовките за заштита на регионот Јабланица.
Во фокус се и подготовките за хармонизација со европската мрежа Natura 2000 и Конвенцијата CITES, преку инвестиции во обуки, дигитални системи и платформи за управување со податоци’, додаде Меџити. Kurir
Во рамки на форумот беа презентирани и добри практики, како поставувањето на соларни огради во Шар Планина за заштита на земјоделските култури од диви животни – решение засновано на природата и одржливоста.
На крај, министерот повика на понатамошна координација меѓу институциите на Северна Македонија, Албанија и Косово, како и со европските партнери, за да се обезбеди ефективно управување со заштитените подрачја и да се изгради здрава, зелена и одржлива иднина за сите. Makfax