Енис Колашинац, газдата на фирмата „Зобек мининг груп“, кој го зела на лизинг луксузното „ауди Q8“ кажа дека возилото го зеле за Венко Филипче и дека тоа сега е во владение на претседателот на СДСМ, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција.
Венко Филипче добил на поклон луксузен џип ауди Q8 од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
ЈО со денови молчи и не превзема никакви дејствија во однос на изнесените сомнежи за криминал и милионските суми кои завршиле во бугарски фирми на кланот Заеви и Филипче, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски, рече на денешната прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.