МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома Невремето кое го зафати овој регион е проследено со поројни врнежи, силен ветер и појава на град, што го зголемува ризикот од локализирани поплави, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува над подрачјето на Стајковци, Арачиново и Скопска Црна Гора, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.