Струковиот синдикат на контролори на летање на Северна Македонија (ССКЛМ) му постави ултиматум на раководството на М-НАВ, барајќи поништување на последниот оглас за нови вработувања и итна реализација на неисполнетите точки од минатогодишната Спогодба. Alsat
Синдикатот на контролори на летање е незадоволен и од огласот за нови вработувања и ССКЛМ го известил раководството на М-НАВ дека бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба, која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.
Инсистираат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10 ти јули. Skopje1