Заради стимулирање на учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик, Министерството за образование и наука за студиската 2025/2026 година ќе додели 15 стипендии на редовни студенти запишани студиски програми за изучување на македонскиот јазик во прва година на додипломски студии (прв циклус). Како што информира МОН, стипендијата е во месечен износ од 6.050 денари за девет месеци во текот на студиската година.
По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта.