Oтвори противникот со водство со 2-0, откако нивниот голман Стеинсон одбрани два македонски шута, но нашите репрезентативци вратија набрзина и Белистојаноски од контра израмни на 2-2. Потоа Исланѓаните повторно се вратија на плус два, а ние не искористивме момент кога имавме играч повеќе на теренот, се надоврза и Петковски со промашен пенал, па Исланд казни и отиде на највосоки плус три, 8-5. Судиите досудија престрого исклучување за капитенот Андреј Стојановски, потоа и непостоечко пробивање на Марио Стојановски, и го навлекоа гневот. 24rakomet