Следува и реевалуација и во зависност од потребите, ќе се потрудиме, доколку е можно, и специјалистите да им ги доведеме тука за да се намалат и трошоците за патувањата, да се намали малтретирањето на пациентите со одење и барање клиники во странство“, вели директорката Паниќ-Мирчовска.
Во текот на престојот на Пониква, за повредените, кои сè уште се ученици, планирани се средби со нивните наставници, педагози и психолози од училиштата во кои учат за продолжување на образовниот процес. Makfax
„Пристигната е првата пратка креми за санација на изгорениците, а половина од кремите се веќе во одморалиштето во Пониква каде што ќе се лечат повредените во дискотеката „Пулс“ “ ,најави денеска директорката на кочанската болница д-р Катерина Паниќ – Мирчовска на прес-конференција во Владата. Skopjeinfo