Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси. Republika
Овој капацитет ја покажува вредноста на стратешкото планирање во енергетиката, изјавила министерката Божиновска.
За време на посетата, раководството на ХЕ „Козјак“ и претставниците на АД „ЕСМ“ ја информирале министерката дека објектот се одржува согласно највисоките безбедносни и еколошки стандарди, со редовен мониторинг на состојбата на браната, нивото и квалитетот на водата, како и биодиверзитетот во езерото. Denesen
Последните податоци покажуваат дека водостојот во акумулациите надминува 50 проценти – јасен показател дека системот се стабилизира, се вели во соопштението од Министерството за енергетика.
Најавуваат дека во следниот период ќе се работи на подготовка на студии за можни подобрувања: зголемување на капацитетот, подобрена автоматизација и воведување на нови технологии за управување со резервите на вода. Alfa
„Козјак“, која е дел од производниот систем на АД „ЕСМ“, располага со инсталирана моќност од 80 мегавати и служи како еден од клучните столбови за производство на електрична енергија од обновливи извори, но и како заштита од поплави на сливот на реката Треска.
Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, затекната беше исклучително тешка хидролошка состојба. Faktor