Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Kanal5
„Уште еднаш апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби. Zoom
Воедно, од министерството додаваат дека патувањата во овој дел од светот треба да се одложат.
Уште еднаш упатуваме јасен апел до сите македонски граѓани да се воздржат од патувања во земјите на Блискиот Исток сè додека не се стабилизира безбедносната состојба – велат од МНР. Plusinfo
Оттаму нагласуваат дека покрај претходниот повик до сите граѓани на Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваат и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.
Министерството ги наведува контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби во земјите на блискиот исток каде македонските граѓани можат да се обратат. Novamakedonija
Ги повикуваме сите наши граѓани кои се наоѓаат во земјите од регионот – особено во Катар, Израел и Обединетите Арапски Емирати – редовно да ги следат официјалните национални портали за итни состојби и да се информираат за евентуални мерки и евакуации – апелираат од МНР.
Воедно, од министерството додаваат дека патувањата во овој дел од светот треба да се одложат. Libertas