Заради тоа што ја доведоа Компанијата во финансиска и организациска бездна, преку нивните кадри кои: ги оставија термо-капацитетите урнисани, со години запуштени без неопходни квалитетни ремонти; ги уништија до крајни граници термо-инсталациите, горејќи неквалитетен увозен јаглен платен како да е злато; систематски не се грижеа за механизацијата и свесно ги урнисаа рудниците преку хаотично копање надвор од рударските проекти; ги оставија депониите празни, без јаглен; неплански го исцицаа хидропотенцијалот, и го предадоа на само 6%; систематски ја „полнеа“ Компанијата со партиски, нестручни кадри и ги деформираа систематизациите во сите сектори, подружници и ДООЕЛ-и за да вработат 680 лица во само 1 ден и да ги пријават сите на 31.12.2023 г.; закупија LNG терминал и прекугранични капацитети преку кои не е можно да се донесе ни 1 KWh гас до државата и за кои ќе претрпиме најмалку 50 М ЕУР штета во наредните 15 год. за колку не врзале со штетни договори. ниту 1 набавка не спроведоа без да ги надуваат цените за да ги наполнат џебовите. Kanal5