Од утре (1 јули) ќе стапи во сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Sitel
Од утре, 1 јули, стапува во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, која ќе трае до 31 август, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена поради зголемен ризик од појава на шумски пожари, согласно насоките од Владата и барањата од ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови. Mk
“Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.” Одобрението е издадено согласно член 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и спречување на појава на пожари во шумите на отворен простор.
Целосната забрана за движење во шумите започнува на 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година. Biznisvesti