Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш.
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп.
Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ: Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.
Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски: „Почитувани граѓани, Почитувани партнери од Европската банка за обнова и развој, Драги пријатели, Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин.