Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.
Со два автомобила и со полициска придружба се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ од Основниот суд во Кочани до Кривичниот суд Скопје.– Од Основниот суд во Кочани предметот, заедно со сите приложени списи и докази, се носи во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд.