Црвена Младина жестоко реагираше на последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека размислува за воведување данок за немажени и неженети лица.
Од Црвена младина оваа идеја ја оценија како „понижувачка и отцепена од реалноста“, нагласувајќи дека не се работи за недостиг на желба за создавање семејства, туку за целосно отсуство на социјални и економски предуслови за тоа.„Изјавата на Мицкоски не само што е понижувачка кон младите, туку покажува колку десничарскиот режим кој секојдневно се луксузира со народни пари, нема поим за реалната состојба во која живее народот“, се наведува во соопштението. Antropol