ПОЖАРОТ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА, ЧАД ИМА И ВО БУТЕЛ Гори и во Кучевиште, алармира ЦУК Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел.
Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ прогласи вонредна состојба поради пожарот кој е надвор од контрола на територија на општината.-На денешната седница на општина Чучер Сандево донесовме одлука за прогласување на вонредна состојба во општината поради активните пожари кои ги имаме на подрачјето на општина Чучер Сандево веќе втор ден.
Претпладнево се јавив и барав помош за гасење на огнот кој ни е до населените места,ми ветија дека ќе ми се јават и толку,ги нема,изјави вечерва градоначалникот на Чучер Сандево во вклучување на вестите на тв 24, Попладнево свикав вонреедна седница на општинскиот совет и донесовме одлука од Владата да побараме да прогласи вонредна состојба и да побара помош од соседите оти ветрот го распалува и шири огнот а сите сме во паника.
Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.