Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.
Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.
Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума.