Преговорите со ВЛЕН и со ЗНАМ за Локалните избори се движат во добра насока, меѓусебно ќе се поддржуваме и очекувам успех на крајот, рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан за текот на политичките разговори за настап на локалните избори.„Што се однесува до ЗНАМ, имаме принципиелен договор дека тие одат со свои советнички листи, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со свои, а во оние општини каде ќе одлучиме да поддржиме кандидат, дали од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или од ЗНАМ, едните или другите нема да истакнуваат кандидат, ќе се поддржуваат меѓусебно.