„Александар Јорданов, поранешен амбасадор на Бугарија: “Денешниот македонски идентитет во оваа смисла е политички “зап’рт’к” (бугарски) т.е. нешто неразвиено, недоизведено, неуспешно уште во зародиш“ (извор Дојче Веле). Ова е ужасен говор на омраза инспириран од антиевропската амбиција, амбиција од некој друг век, да се оспори посебноста на еден европски народ.
Да си даде човек, а уште пострашно, политика на една цела држава, право да зборува за други луѓе, во друга држава, кои се и какви се, од кога се, е антиевропски, антицивилизациски, непристојно и бедно“ – вака остро реагираше поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на пораките и навредите кои пристигнуваат од дел од бугарските поранешни, но и сегашни функционери.