Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ го нарече „северномакедонски премиер“.
Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев вели дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за С Македонија во Европскиот парламент (ЕП) Софија успеала да спречи ЕП да биде искористен за домашна политичка пропаганда на премиерот на земјава Христијан Мицкоски.Нарекувајќи го „северномакедонски премиер“, Георгиев во денешното гостување во утринската програма на БТВ, изјави дека Мицкоски очигледно не бил воодушевен од развојот на настаните во неговата земја и почнал да води битки на надворешен план кои, како што оценува буѕгарскиот министер за надворешни работи, се покажуваат како јалови.
МНР ГО ПОВИКАЛО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ДА МУ ВРАЧИ ПРОТЕСТ Очекува официјално извинување од Софија Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.