1 (34) ■ спорт > тенис ■ 05-Jul 19:00 -> 07-Jul 20:00
.
.
.
.

Ѓоковиќ губеше во првиот сет, па се разбуди за ново 1/4 финале на Вимлбдон

  • Ѓоковиќ: Благослов е да се испишува историја на мојот омилен турнир

  • Ѓоковиќ го декласира сонародникот Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон

  • Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Алекс де Минор во 1/8 финалето на Вимлбдон, и се пласираше во следната фаза.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека секој историски успех постигнат на неговиот омилен турнир Вимблдон му значи многу.

Во српското дерби во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ со 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4. Мечот на Централниот терен траеше еден час и 47 минути.

Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на ВимблдонСрпскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните настапи на Вимблдон, откако денес извојува важна победа над Австралиецот Алекс Де Минор со 3:1 во сетови – 1:6, 6:4, 6:4, 6:4 – и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на престижниот гренслем турнир.

3 (18) ■ вести > македонија ■ 07-Jul 14:02 -> 07-Jul 17:45
.
.
.
.

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

  • ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОТРЕСЕ ВАЛАНДОВО Се почувствува и во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

4 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jul 12:56 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

(ВИДЕО)Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани - не гласаа за амандманот на СДСМ

  • СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани - 934 милиони денари помош за настраданите

Владата не не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ , истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

6 (60) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 06-Jul 14:31 -> 07-Jul 18:15
.
.
.
.

МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце

  • НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси

  • ВИДЕО: Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

  • Пренасочен сообраќајот кај Блаце поради пожар: Забрана за товарни возила, еве како до и од граничниот премин

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси Фото: Принтскрин Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и е укината забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР.

Министерство за внатрешни работи Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.

Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.

11 (19) ■ вести > македонија > политика > бензин ■ 06-Jul 10:15 -> 07-Jul 17:15
.
.
.
.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

  • Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Еуросупер БС-95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС-98 ќе биде 76 денари, дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е V) 70 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари и мазутот М-1 НС 39,409 денари Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30 јуни.

12 (42) ■ вести > свет > сад ■ 06-Jul 06:17 -> 07-Jul 17:24
.
.
.
.

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

  • Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • Кремљ: БРИКС никогаш не работел против трети земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој ќе земат учество претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери.

Кремљ денеска соопшти дека групата БРИКС никогаш не делувала на начин кој има цел да ги поткопа другите земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави 10-процентни царини за земјите кои ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС.

13 (21) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 07-Jul 09:41 -> 07-Jul 16:45
.
.
.
.

Азир Алиу: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

  • Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

  • Алиу: Продолжуваме да работиме на унапредување на здравствениот систем и да ги спроведуваме новите мерки и реформи

Вкупно 39 граѓани пријавиле проблеми со кои се соочиле во некоја од здравствените установи, а некои од нив се непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, мито, доцнење во пружање здравствена услуга.

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, немање соодветен треман, неисполнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во давање здравствена услуга, изјави денеска на прес-конфренција во Владата министерот за здравство Азир Алиу по повод една година Влада.

Printscreen / Youtube / Влада Проекти и мерки реализираа во изминатиот период Владата и Министерството за здравство.

Повеќе од
оваа категорија

72 (46) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:08 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

  • ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

  • Нојер бесен на Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала, не се извини додека не го натерав

  • Хорор повреда на Мусиала: Донарума во шок откако ја повреди ѕвездата на Баерн (ВИДЕО)

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД против ПСЖ.

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со 2:0, натпревар кој го обележа сериозната повреда на Џамал ​​Мусиала.

Најголемата ѕвезда на Баерн (М), Џамал Мусијала претрпе тешка повреда на левата нога на крајот од првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство меѓу неговиот Баерн и ПСЖ.

Повеќе од
оваа категорија

145 (2) ■ бизнис > свет > сад ■ 07-Jul 14:30 -> 07-Jul 16:49
.
.
.
.

ЕК без коментар за најавите од САД за одложување на царините и испраќање писма до трговските партнери

  • ЕК не ги коментира најавите од САД за одлагање на царините до 1 август и за испраќање писма до трговските партнери

Европската комисија не сакаше да даде коментар за најавите кои пристигнаа од Вашингтон во врска со одложувањето на влегувањето во сила на одлуката за тарифи од 50 отсто за увоз во САД до 1 август, како и за испраќањето писма со детали за нови даночни стапки и трговски спогодби до американските економски партнери, рече денес портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини, Олоф Гил.

Европската комисија не ги коментира најавите од Вашингтон за одлагање на стапувањето во сила на одлуката за царини од 50 отсто за увоз во САД до 1 август, како и за испраќањето писма со детали за нови царински стапки и трговски договори до американските трговски партнери, изјави денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил.

168 (2) ■ магазин > астро ■ 07-Jul 14:14 -> 07-Jul 15:30
.
.
.
.

На 10 јули пристигнува полна месечина во рак: Им носи голем бран на среќа и изобилие на ОВИЕ 5 хороскопски знаци

  • ▷ На 10 јули пристигнува полна месечина во рак - носи голем бран на среќа на некои хороскопски знаци

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

124 (31) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 07-Jul 09:30
.
.
.
.

Еве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд! ” - Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен

  • Македонецот Никола Станишиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“

  • Цеца откри непознати детали за Никола Станишиќ: „Имаше трагедија во семејството...“

  • (Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

НасловнаЗабаваЕве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” – Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен You cannot print contents of this website.

Синоќа се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а ласкавата титула му припадна на Никола Станишиќ (25) од Македонија.

Синоќа, Никола Станишиќ од Македонија го освои големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ за 2025 година.

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани од Еспресо09:50 - 6 јули, 202508:41 - 6 јули, 2025 Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

422 (4) ■ сцена > култура ■ 05-Jul 18:16 -> 07-Jul 08:14
.
.
.
.

Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

  • ▷ Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов претставуваат во Грција.

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”). Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.

Во месец јуни, деветмина меѓународни уметници, вклучувајќи ги Сергеј Андреевски од Скопје, Ан Лизе Бројер од Париз, Стано Бубан од Братислава, Маријана Кацарас од Тунис, Маркос Хаџипатерас од Лондон и Атина, Никола Пијанманов од Струмица, Герлинде Пистнер од Нирнберг, Кристина Рахме од Бејрут и Карла Салем од Лондон и Бејрут, се потопија во прекрасниот пејзаж, архитектурата и старинските приказни вградени во камењата и древните патеки на островот Андрос.

49 (3) ■ технологија ■ 07-Jul 12:47 -> 07-Jul 17:30
.
.
.
.

Samsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство

Новите иновации како што се Knox Enhanced Encrypted Protection, унапредениот одговор на закани со Knox Matrix и Secure Wi-Fi со заштита отпорна на квантни напади ја зајакнуваат приватноста и контролата на корисниците кај новите Galaxy уреди Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја зацврстуваат посветеноста на Samsung да понуди моќна и доверлива мобилна технологија во бргупроменливиот дигитален свет, преку воведување на нови заштити за AI што работи на самиот уред, проширување на детекцијата на закани низ различни уреди и унапредување на безбедноста на мрежите со енкрипција отпорна на квантни компјутери.