Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година, истакна генералниот директор на Фондот Сашо Клековски.
Тој и генералниот директор Бранко Аџигогов претходно информираа за најновите законски решенија во однос на зголемувањето на бројот на обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) на товар на Фондот. Libertas
Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. 24info
Станува збор за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули беа донесени во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и Фондот.„Првата измена е дека Биопотмогнатото оплодување (БПО), или популарно наречено ин витро, станува составен дел од основниот пакет за здравствена заштита.
Се зголемува бројот на обиди на шест од постоечките три. Vecer
Следни чекори на Фондот: – Финансиска поддршка на криопрезервација, односно замрзнување на јајце-клетки за идна употреба – Поддршка за Клиниката за гинекологија во создавањето на национална банка за репродуктивен материјал (јајце-клетки и сперма) за зголемување на пристапноста до репродуктивни третмани.
Инфо за барање на следниов линк. Kurir