Мицкоски: Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен, а денес добива нов лик- нашето културно наследство е главната туристичка понуда 12:09, јули 12, 202512:09, јули 12, 2025 „Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми и не случајно секторот туризам го додадовме до Министерството на култура и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат односно богатото културно наследство.
Printscreen / Youtube/ Влада Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските во Охрид.