Денес, заедно со Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Завод и Музеј, Охрид бевме во посета на Музејскиот комплекс „Музеј на вода“, еден од најатрактивните и најпосетувани локалитети во Охрид, каде се спојува природната убавина со нашето богато културно наследство, сподели денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, утре 12 јули (сабота) ќе престојува во работна посета во Охрид и во 11:00 часот ќе го посети Музејот на вода-Наколна населба во Заливот на коските, каде ќе ја промовира целосната санација на овој музејски комплекс.