Согласно последните измени кои што се донесени и кои што веќе се на сила, најнова измена е тоа што отстапувањето на државни институции најпрво беше можност само на Министерство за внатрешни работи и на Министерство за одбрана, меѓутоа сега со измените кои што ги предложи самата Агенција, поради тоа што увидовме дека возилата пропаѓаат и на дел од нив може да се изврши продажба за оние кои што се конечно завршени постапка, меѓутоа за оние кои што се привремено одземени не беше возможна продажбата, ниту отстапувањето, па затоа предложивме нови законски измени кои што веќе од денеска стапуваат на сила.
Со овие измени, до возила може да дојдат сите државни институции кои што ќе поднесат барање до Агенцијата за управување со одземени имот, рече Илиевска. Nezavisen