Со 2 милиони евра грант финансирање од WBIF, ние ја продолжуваме посветеноста на ЕУ да ја поддржиме земјата во пронаоѓањето на најдобрите решенија за справување со проблемот со цврстиот отпад.
Ова е само почетокот на тековната финансиска поддршка од ЕУ за Северна Македонија во областа на животната средина и управувањето со отпад.“ Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со заем од ЕБОР од 55 милиони евра, кој беше претходно потпишан, вклучува изградба на санитарни депонии, трансфер станици и инфраструктура за собирање отпад во повеќе региони. Faktor
Во првата транша веќе се работи на активности во Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот регион, а денешниот грант овозможува техничка подготовка за активирање мобилизирање на проектите активности и во Вардарскиот и Југоисточниот регион.
Грантот е дел од поширока финансиска поддршка обезбедена од ЕУ и WBIF која вклучува 21.7 милиони евра инвестициски грант кој ќе биде попишан во текот на имплементацијата на Регионалниот Проект за Управување со Цврст Отпад. Telma