Во Брисел се одржа состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ). На состанокот, како што соопшти Министерството за транспорт, кој се одржал во позитивна и конструктивна атмосфера, како продолжение на последниот состанок во октомври 2024 година, се разменија мислења и се потврди посветеноста и потребата кон финализација на делот од железничкиот коридор VIII.
Македонска и бугарска делегација во Брисел одржаа состанок на кој двете држави ја потврдија посветеноста и потребата за довршување на железничкиот коридор 8, соопшти Министерството за транспорт.