Еве јас да им кажам како се осеќа човек како мене, нормален, функционер кој место во канцеларија е помеѓу граѓаните и колегите на терен, а со тоа секако ја презема и целата одговорност во ваква ситуација: – на секој еден пукот од испукана граната внатре во огнот, тој човек губи по една година од својот живот, а се враќа во нормала дури откако ќе разбере дека сите луѓе се во ред и нема повредени; – пред да прати група внатре да гаси, обавезно му се моли на Бога да се вратат здрави и живи; – во повеќето акции влегува лично внатре со луѓето за од прва рака да ја согледа опасноста, а со тоа секако својот живот и своето здравје го става во опасност; – и најважното, на секој еден стручњак мора да одговара и на најзелените прашања и обвинувања оти нели тој функционер е избран од народот и мора да го одговори секое прашање; Да сте ми живи и здрави сите кои секојдневно се соочувате со вакви предизвици на терен, Господ да не чува сите, а јас како и досега, ќе бидам до рамо до рамо со сите вас и ќе се молам на Господ да ме чува мене и сите вас!“. Skopjeinfo