До 12 часот се евидентирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се под контрола и еден пожар е изгаснат.
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) 2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева) 3. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) 4. Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација) 5. Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева) 6. Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума) 1. Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума) 2. Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума) 1. Општина Желино – с. Групчин (мешана шума). A1on