Еден авион ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно дејствуваше попладнево со повеќе налети врз пожарот кој беснее во близина на Преспанското Езеро, додека вториот ер-трактор беше ангажиран на фронтот кај Желино и селото Еребино, каде огнената стихија зафати голема површина од сува вегетација и нискостеблеста шума, инфомираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати дејствувал еден Ер трактор на Дирекцијата, додека вториот Ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино.