Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регситрирани се 38 пожари од кои шест се активни, пет се под контрола, а изгаснати се 27, информира Центарот за управување со кризи. има на териториите на општините: Василево, Радовиш и Берово (село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), три во Македонски Брод (село Грешница; помеѓу селата Локвица и Крапа каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и кај селата Латово, месноста Маркова Стапалка каде горат грмушки и сува трева); кај селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец, Прилеп каде гори ниска вегетација и деградирана шума); Желино (помеѓу селата Церово и Групчин гори нискостеблеста и деградирана шума). се пожарите кај: Ресен (од село Шурленци до Езерани гори трска и ниска вегетација), Дојран (гори мешана шума кај село Николиќ), Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, гори мешана нискостеблеста деградирана шума, Гостивар (село Симница гори нискостеблеста и дабова шума), Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација).
На 21.07.2025 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.
До 18:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор низ Северна Македонија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, седум се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.