Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од на есен.
Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на патна исправа, време и место на влез и излез и биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти, на државјани на трети земји кои влегуваат и излегуваат од Шенген зоната. Mms