Мора да ги преземеме следните чекори во процесот на проширување со Украина, Молдавија и Западниот Балкан, за да ги донесеме овие земји поблиску до Европа, порача денеска данската премиерка Мете Фредериксен при презентацијата на приоритетите на Данското претседателство со Советот на ЕУ пред членовите на Европскиот парламент. Kurir
Според неа, зборовите на Жан Моне дека кога Европа ќе се соочи во криза, ќе најде мноштво решенија за таа криза, денес изгледаат повистинити од кога било досега.
Живееме во време кога се соочуваме со најголемите предизвици од 40-тите години на минатиот век – брутална војна на Русија против Украина, миграциски притисок на надворешните граници на Европа, конфликти на Блискиот Исток, ризик од трговска војна, подем на тероризмот, растечка конкуренција за иднината на стратешките технологии и плус на сето ова и климатската криза и кризата со биолошката разновидност. Frontline
Според неа, ЕУ мора да ги зголеми трошоците за одбрана во услови на заканите од Исток, од Русија, која веќе не работи сама, што се гледаа во Украина за каде обезбедува војници од Северна Кореја, ракети од Иран и воена технологија од Кина.
Мора да дејствуваме сега, за да одговориме на оваа закана. Frontline