Индиректните преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, кои се одржуваат во Доха меѓу Израел и Хамас, се попречени од планот на Израел за повлекување од палестинската територија, објавија денеска француските медиуми.
Европската Унија би можела да ги прекине врските со Израел, воспоставени со меѓусебен договор потпишан во 1995 година, поради војната во Газа, која трае од октомври 2023 година, открива „Политико“.Протечената нацрт-листа на потенцијални мерки на ЕУ, составена од Европската служба за надворешна акција и видена од списанието Политико, вклучува низа опции, вклучително и „целосно суспендирање“ на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, што овозможува блиски трговски односи и други форми на соработка.