Најмалку 798 луѓе во Газа се убиени додека примале хуманитарна помош во изминатите шест недели, соопшти канцеларијата на ОН за човекови права.
Според Скај њуз, портпарол на Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права изјави дека 615 од убиствата – помеѓу 27 мај и 7 јули – се случиле „во близина“ на локации управувани од контроверзниот Хуманитарен фонд за Газа (GHF), поддржан од САД и Израел. Mk