Обединети пред сериозните безбедносни закани и предизвици, особено долгорочната закана што ја претставува Русија за евроатлантската безбедност и постојаната закана од тероризмот, сојузниците се обврзуваат да инвестираат пет отсто од БДП годишно за основни одбранбени потреби, како и за трошоци поврзани со одбраната и безбедноста до 2035 година, за да ги обезбедат нашите индивидуални и колективни обврски, во согласност со член 3 од Вашингтонскиот договор, се наведува во Декларацијата усвоена на денешниот Самит на НАТО во Хаг.
Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година.