Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека доколку Иран ги нападне САД на кој било начин, ќе се соочи со моќта на американската војска „на нивоа што не се видени досега“.Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп исто така рече дека САД немаат никаква врска со последниот напад на Израел врз Иран и дека „лесно може да се постигне договор“ за прекин на конфликтот.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.Израелските медиуми објавија дека сите дронови лансирани од Иран како одмазда за израелските ноќни напади врз иранските нуклеарни постројки и елиминацијата на членовите на иранското воено раководство и научниците кои работат на нуклеарната програма биле соборени.„Иран лансираше околу 100 дронови кон израелска територија како одмазда, што Израел се обидува да ги пресретне“, изјави претходно портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјава што иранските медиуми сега ја негираат.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пред два месеци му дал на Иран рок од 60 дена да постигне договор за неговата нуклеарна програма, а денес е 61-виот ден.
Во објава на „Truth Social“ денеска, Трамп напиша дека иранските лидери „не знаеле што ќе се случи“.