Според достапните информации, ракетата „Хаибар“: – носи конвенционална боева глава со можност за зголемена експлозивна моќ во споредба со претходните модели – има подобрени системи за наведување кои вклучуваат инерцијална навигација со помош на GPS, што ја зголемува прецизноста – достигнува хиперсонични брзини во фазата на повторно влегување во атмосферата – помеѓу 12 и 15 маха, или околу 4 до 5 километри во секунда, што го отежнува нејзиното пресретнување со противракетни системи Иранските изјави нагласуваат дека лансирањето на „Хаибар“ треба да ја демонстрира воената супериорност на Иран и да ги предупреди ривалите дека одговорот на секој напад ќе биде „силен и стратешки“. Kurir