Европската комисијата ја зема предвид денешната одлука на Општиот суд на ЕУ во врска со барањето за пристап до документи, во која се оценува дека „требало да даде подетално објаснување во својата одлука дека не ги поседува бараните документи“ и внимателно ќе ја проучи, по што ќе реши за следните чекори, соопшти денеска ЕК. Соопштението претставува реакција на денешната пресуда на Општиот суд дека Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата. Libertas
Ќе продолжиме строго да се придржуваме до цврстата законска рамка што е во сила за спроведување на нашите обврски.
Остануваме целосно посветени на одржување на отвореност, отчетност и јасна комуникација со сите засегнати страни, вклучувајќи ги институциите на ЕУ, граѓанското општество и претставниците на интересите, се додава во реакцијата на ЕК. Решавајќи по тужбата на весникот „Њујорк тајмс“ затоа што ЕК одбила на негова новинарка да и ги достави на увид СМС-пораки разменети меѓу Фон дер Лајен и Бурла од пролетта 2021 година, со кои се договарала набавката вакцини во екот на пандемијата на Ковид-19 низ Европа, Судот со седиште во Луксембург оцени дека Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарката. Kanal5
Тужбата ја поднесе „Њујорк Тајмс“ и нивната новинарка Матина Стивис-Гриднеф, тврдејќи дека Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност откако одби да ги предаде пораките по поднесеното барање.
Според „Њујорк Тајмс“, личниот контакт меѓу Фон дер Лајен и Бурл бил клучен за постигнување договор за милијарди евра за набавка на вакцини против Ковид-19 на врвот на пандемијата. Libertas
Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл. Nezavisen
Начинот на кој Комисијата постапи со договорите за вакцините против Ковид-19 од страна на Комисијата предизвика критики.
Во 2022 година, Европскиот омбудсман, независно тело, остро го осуди одговорот на Комисијата на барањата за пристап до текстови. Netpress
Овој договор, финализиран во мај 2021 година, вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарди дози од вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“-„БиоНТек“, што е убедливо најголемиот од сите договори потпишани од Брисел.
Политико пишува дека с’ржта на проблемот е дали текстуалните пораки треба да се класифицираат како документи и затоа да бидат подобни за објавување во име на транспарентноста. Plusinfo
Ако судот донесе пресуда против неа, тоа би било и голем срам, со оглед на тоа што поминаа само неколку месеци откако таа јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и праведност во нејзиниот втор мандат.
‘Оваа судска одлука би можела да означи пресвртница за транспарентноста во ЕУ. Кога станува збор за клучни одлуки, особено оние што влијаат на јавното здравје, треба да се избегнува тајност’, рече Шари Хиндс, службеник за политика на ЕУ во невладината организација ‘Транспаренси интернешенел’“. За потсетување, „Договорот со ‘Фајзер’ беше финализиран во мај 2021 година и вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарда дози од вакцината на ‘Фајзер-Бионтек’ против ковид-19. Тоа е убедливо најголемиот од сите договори потпишани од Брисел. Novamakedonija
Овие правила имаат за цел да обезбедат интегритет на евиденцијата на Комисијата и целосна транспарентност со тоа што ќе се осигурат дека важните документи што ги изготвува или прима Комисијата се лесно достапни за заинтересираните граѓани на ЕУ, се наведува во соопштението.
Во него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се додава дека по внимателното проучување на одлуката на Судот, Комисијата ќе даде подетално објаснување и ќе реши за своите следните чекори во однос на ова прашање. Libertas
Случајот произлезе од тужба од 2023 година поднесена од весникот „Њујорк тајмс“, откако ЕК одбила да ги достави на увид СМС-пораки разменети меѓу Фон дер Лајен и Бурла од пролетта 2021 година, со кои се договарала набавката вакцини во екот на пандемијата на Ковид-19 низ Европа.
Според „Њујорк Тајмс“, преку оваа размена на меѓу Фон дер Лајен и Бурла, Еврокомисијата, во име на 27-те земји членки на ЕУ, склучи договор со „Фајзер“ за набавка до 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид-19, чија вкупна во вредност изнесувала 35 милијарди евра. Civilmedia
Највисокиот суд на ЕУ ја поништи одлуката на Европската комисија да му одбие на „Њујорк тајмс“ пристап до пораките разменети меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, утврдувајќи дека извршната власт на ЕУ не успеала убедливо да објасни зошто не ги поседува пораките.
„Европската комисија погреши кога одби да објави СМС-порака помеѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, на врвот на пандемијата Ковид-19, пресуди највисокиот суд на ЕУ. По долготраен спор меѓу ЕК и Њујорк тајмс околу транспарентноста во врска со договорите за вакцини на Фајзер против Ковид-19, Европскиот суд на правдата (ЕСП) денес пресуди дека Комисијата „не дала веродостојно објаснување што го оправдува нејзиното непоседување на бараните документи“, Според судот, Комисијата не може едноставно да тврди дека не ги поседува бараните документи; мора да обезбеди веродостојни објаснувања што ќе им овозможат и на јавноста и на Судот да разберат зошто тие документи не можат да се најдат. Faktor
Судот одлучуваше дали Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност со тоа што одби да ја објави содржината на телефонската кореспонденција на Фон дер Лајен со извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурл, кога се преговараше за договор од повеќе милијарди евра за вакцина против Ковид.
Одлуката на судот за „Фајзергејт“ не само што ќе има далекусежни последици за начинот на кој највисоките функционери на блокот ја вршат својата работа зад затворени врати, туку може да фрли сенка и на вториот петгодишен мандат на претседателот на ЕК, кој започна пред неколку месеци. Fokus
„Конечно, Комисијата не објасни убедливо зошто смета дека текстуалните пораки разменети во врска со купувањето на вакцината против Ковид-19 не содржат важни информации, односно информации што бараат понатамошно дејствување чие зачувување мора да се обезбеди“, се вели во соопштението.
Во април 2021 година, новинарката откри дека фон дер Лајен и извршниот директор на „Pfizer“ размениле СМС-пораки во пресрет на потпишувањето на договорот за купување на вакцината. Netpress
Друг судија, Пол Нихул, рече дека случајот се води со „прилично конфузна документација“.
Покрај овој судски случај, Фон дер Лајен е под истрага и од страна на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, која истражува потенцијални финансиски криминални дела поврзани со процесот на набавка на вакцини. Nezavisen
Следната година, таа побара сите текстуални пораки разменети меѓу фон дер Лајен и Бурла помеѓу 1 јануари 2021 година и 11 мај 2022 година, според законското право на ЕУ за пристап до јавни документи.
Одбивањето на Комисијата ја поттикна да го поднесе случајот до Европскиот суд на правдата, со поддршка на нејзиниот весник. Netpress
‘Оваа судска одлука би можела да означи пресвртница за транспарентноста во ЕУ. Кога станува збор за клучни одлуки, особено оние што влијаат на јавното здравје, треба да се избегнува тајност’, рече Шари Хиндс, службеник за политика на ЕУ во невладината организација ‘Транспаренси интернешенел’“. За потсетување, „Договорот со ‘Фајзер’ беше финализиран во мај 2021 година и вклучуваше обврска на ЕУ да купи до 1,8 милијарда дози од вакцината на ‘Фајзер-Бионтек’ против ковид-19. Тоа е убедливо најголемиот од сите договори потпишани од Брисел.
Со него беше предвидена испорака на нарачаните 900 милиони дози до 2023 година, со можност за нарачка на уште 900 милиони. Novamakedonija
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, ќе се соочи со една од најголемите закани за нејзиниот углед откако го презеде раководството со Комисијата.
Имено, Општиот суд на Европската Унија во среда ќе одлучи дали Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност со тоа што одбила да ги објави текстуалните што ги разменила со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, за време на преговорите за договор вреден повеќе милијарди евра за набавка на вакцини против Ковид-19. Одлуката би можела да има далекусежни последици не само за претседателката на Комисијата, туку и за начинот на кој европските претставници водат преговори зад затворени врати. Kanal5
Општиот суд на ЕУ пресече во врска со аферата Фајзергејт во која е обвинета првата жена на ЕУ. Урсула фон дер Лајен загуби по сите точки во предметот.
Пресудата веројатно ќе има огромни последици врз транспарентноста и врз одговорноста во ЕУ и ќе нанесе огромен удар врз угледот на фон дер Лајен, . „Со пресудата на судот против неа, тоа обезбедува политичка муниција за широк спектар на критичари. Plusinfo
Таа ги поткопува демократијата, можностите за развој, општествената доверба и легитимитетот на политичкиот систем.
Покрај тоа, корупцијата е од корист за мала корумпирана елита на сметка на општеството во целина“, поодделно посочува Ана Персон. Novamakedonija