Холандија и Данска се двете најдобри места за да се биде дете според мерките за ментална благосостојба, физичко здравје и вештини, покажа истражувањето објавено денеска од страна на организацијата на Обединетите нации за деца УНИЦЕФ.
Франција го зазеде третото место, а по неа следат Португалија и Ирска, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ во кој се споредени податоци од 43 земји на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и ЕУ. Нов Зеланд, Колумбија, Мексико, Турција и Чиле се најлошо рангираните земји.