Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се отвора вратата за нови странски инвестиции на руските финансиски пазари, вклучително и од земји што Москва ги смета за „непријателски“, објави Блумберг.
Според декретот, новите инвеститори од странство ќе можат да инвестираат во руски хартии од вредност без да мора да ги чуваат своите пари на блокирани сметки од типот Ц. Наместо тоа, ќе им биде дозволено да користат таканаречени ИН сметки, преку кои можат слободно да повлекуваат профит, објавува Блумберг. Makfax