Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделното обраќање за телевизијата Belarus-1, изјави дека брзината со која би можеле да се одвиваат преговорите за прекин на војната во Украина директно зависи од ставот на Киев, ефикасноста на посредувањето на САД и од ситуацијата на боиштето. Libertas
Иако датумот на следните преговори сè уште не е утврден, Песков рече дека Русија се надева дека тие датуми ќе бидат познати „во блиска иднина“.
По тригодишна пауза, на 16 мај и 2 јуни Украина и Русија одржаа директни разговори во Истанбул што доведе до повеќекратни размени на затвореници и враќање на мртви војници. Kurir