Врховниот командант на вооружените сили на Украина вчера изјави дека неговите сили се соочуваат со нов напад врз клучен град на источниот фронт во војната против Русија, додека Москва тврдеше дека напредува во друга област подалеку на југозапад. Kanal5
Портпаролот на украинските сили на исток од земјата, Виктор Трехубов за Укринформ изјави дека Костјантинивка и градот Покровск на запад се „главните арени на битките и стратешките амбиции на Кремљ“. Libertas
Сирски, исто така, рече дека минатата недела украинските сили одбиле тежок напад во близина на селото Јаблуновка во североисточниот Сумски регион, каде што руските сили се обиделе да воспостават тампон зона во рамките на украинските граници.
Руското Министерство за одбрана, во извештаите претходно во текот на денот, соопшти дека московските сили го освоиле селото Червона Зирка, подалеку на југозапад, во близина на административната граница на регионот Дњепропетровск. Kanal5