Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата на терен, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вчерашното телевизиско обраќање.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделното обраќање за телевизијата Belarus-1, изјави дека брзината со која би можеле да се одвиваат преговорите за прекин на војната во Украина директно зависи од ставот на Киев, ефикасноста на посредувањето на САД и од ситуацијата на боиштето.