Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП). По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од гласовите, а Никушор Дан 20,99 отсто, пренесува романскиот портал Диги24.
Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја отстрани Романија од листата на земји чии граѓани можат да патуваат во Соединетите Американски Држави без виза.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД.