Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП). По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од гласовите, а Никушор Дан 20,99 отсто, пренесува романскиот портал Диги24. Denesen
Излезноста беше поголема од 53 отсто.
Вториот круг од изборите е планиран за 18 мај 2025 година. Denesen
Кандидатот од крајната десница, националист и противник на воената поддршка за Украина, кој е скептичен кон Европската Унија, оствари убедлива победа во првиот круг од претседателските избори во Романија, . Џорџе Симион освои 40,96% од гласовите и влегува во вториот круг, закажан за 18 мај, како јасен фаворит против либералниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан.
Никушор Дан за малку го победи кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, со нешто помалку од 21% од гласовите. Plusinfo
Лидерот на екстремната десница Џорџе Симион, и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори во Романија на 18 мај, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија.
Џорџе Симион освои околу 40 проценти од гласовите, додека Никушор Дан освои 21 процент, според резултатите од првиот круг по пребројувањето на 99,99 проценти од гласачките ливчиња. Libertas