Српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои најавија дека ќе присуствуваат на парадата во Москва по повод Денот на победата над фашизмот, неочекувано ги откажаа своите активности за наредните денови, што беше причина за појава на шпекулации на социјалните мрежи, но и во некои медиуми.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека планира да ја посети Москва на 9 мај по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, оценувајќи ги изјавите од Киев како неприфатливи.