Десетици загинати и повредени, меѓу нив деца по нападите кои Индија ги изврши на територијата на Пакистан во најголемата ескалација меѓу двете нуклеарни сили по неколку децении.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.
Шефот на пакистанската армија изјави дека 26 цивили загинале во нападите на Индија што во текот на ноќта се случија на девет цели во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир, пренесува „гардијан“.
Индија во средата започна воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир , а Исламабад возврати тврдејќи дека соборила пет индиски борбени авиони, во најлошиот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните две децении.