1 (5) ■ спорт > македонија ■ 08-May 10:29 -> 08-May 11:24
.
.
.
.

„Летачкиот Македонец“ викендов ќе вози на „Рампа Да Фалпера“ во Португалија

  • ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ФИА ВИКЕНДОВ ВО БРАГА ЌЕ ВОЗИ НА РАМПА ДА ФАЛПЕРА

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка.

. Ќе ја вози патеката Рампа Да Фалпера во Португалија Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка.

2 (12) ■ вести > македонија ■ 08-May 09:42 -> 08-May 11:31
.
.
.
.

ДЗР: Медицинска опрема во вредност од 13 милиони евра „скапува“ во подрумите, меѓу неа и опрема за лечење на болни од рак

  • ДЗР: Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра

Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.

Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, се наведува во извештајот, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава.

8 (79) ■ вести > свет ■ 06-May 11:30 -> 08-May 10:33
.
.
.
.

Се заострува конфликтот меѓу двете нуклеарни сили Индија и Пакистан

  • Индиско МНР: Нападите во Пакистан без насочени кон терористички кампови

  • Пакистан: Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели

  • Индија го нападна Пакистан

Десетици загинати и повредени, меѓу нив деца по нападите кои Индија ги изврши на територијата на Пакистан во најголемата ескалација меѓу двете нуклеарни сили по неколку децении.

Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.

Индиската влада вечерва потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација.

13 (50) ■ вести > балкан > регион ■ 06-May 19:29 -> 08-May 11:03
.
.
.
.

Вучиќ отпатува за Москва, најавена средба со Путин, принудно слетал во Азербејџан

  • Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

  • Српски медиуми: Вучиќ отпатува за Москва

  • Вучиќ од Москва: Нека ме казнат мене, а не Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува во Москва во средата, каде што ќе присуствува на Парадата на победата по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска воја, објави денес српскиот поратла на руската агенција Sputnik, по шпекулациите дали, по ненадејното прекинување на неговата посета на САД, Вучиќ ќе одржи говор и ќе учествува на церемонијата на Црвениот плоштад.

Литванските власти официјално го забранија летот на српскиот авион до Москва со кој требаше да патува српскиот претседател Александар Вучиќ, објави порталот „Новости.рс“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатувал за Москва каде што е планирано да присуствува на парадата на победата на Црвениот плоштад, пренесуваат српски медиуми.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во Москва дека очекува последици поради учеството на руската воена парада по повод победата над фашизмот во Втората светска војна, но дека од Европската Унија очекува да го казни лично него, а не Србија.

Повеќе од
оваа категорија

16 (46) ■ спорт > фудбал ■ 06-May 19:27 -> 07-May 20:18
.
.
.
.

ФФМ: Време е конечно да расчистиме со „ѓубрето“ што со години го труе мак-фудбалот!

  • Ристовски: На Кожуф и Башкими ќе им се одземе дејноста спорт ако се потврдат сомнежите

  • ФФМ: Сцените од дуелот меѓу Кожуф и Башкими се срамни и неприфатливи

  • Башкими тврди дека мечот со Кожуф не бил наместен

Фудбалската федерација на (ФФМ) експресно се огласи со соопштение поради случувањата од денешното коло од Втората македонска фудбалска лига.

ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој денеска се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.

Голема врева се крена по вчерашниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, одигран во Гевгелија, а кој беше решен со сомнителен гол во 92. минута.

89 (4) ■ спорт > фудбал ■ 07-May 10:45 -> 08-May 11:08
.
.
.
.

„Бомба“ на Ди Марцио: Ливерпул тргнува по Де Брујне!

  • Интер Мајами се откажа од преговори со Де Брујне

Кевин Де Брујне ги брои последните денови во дресот на Манчестер Сити, каде што во последните десет години се изгради во еден од најголемите фудбалери во историјата на клубот, а вечерва пристигнуваат комплетно неочекувани вести од Островот.

Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами се откажа од правото да почне преговори со играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, оставајќи го Чикаго како главен фаворит за доведување на белгискиот интернационалец во американската МЛС лига, објави денеска Би-Би-Си. Интер имаше ексклузивно право да преговара со Де Брујне, доколку Белгиецот одлучи да ја продолжи кариерата во Америка, но клубот од Мајами нема да го искористи тоа право.

Повеќе од
оваа категорија

49 (9) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 08-May 10:00
.
.
.
.

Азески на средба со косовскиот колега за надминување на проблемот со задржување на македонски камиони со прехранбени производи

  • Косово без образложение задржува македонски камиони на граница, алармира Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

51 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира првпат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

53 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.