Кандидатот на националистите, Џорџ Симион, обезбеди повеќе од убедлива победа во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија.
Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП). По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од гласовите, а Никушор Дан 20,99 отсто, пренесува романскиот портал Диги24.
Во Романија се одржуваат повторни претседателски избори откако мината година во декември беа поништени, поради сомнение од руско влијание врз кандидатот Калин Ѓорѓеску кој беше фаворит, а заврши со дисквалификација поради можно нелегално финансирање на политичка кампања од страна на Русија.